ЗА НАС

Предизвиците се составен дел од работата на секоја компанија без оглед на индустријата во која се наоѓа.За успешно да се соочиме со нив, потребен е тим составен од искусни и потврдени професионалци кои во секое време ќе имаат квалитетни и правовремени одговори.

Ние сме еден таков тим.

Знаењата и искуствата што од основањето во 2009 година заедно ги стекнувавме и несебично ги делевме едни со други, ја доведоа Сага MK на позицијата лидер во доменот на дигиталната трансформација. Благодарение на партнерството со повеќе од 70 реномирани имиња од ICT индустријата, растевме и се развивавме, така што денес сме незаобиколна станица на патот кон унапредување на работењето за голем број клиенти.

Нашиот фокус на развој и имплементација на иновативни решенија е она што нас нè истакнува и нè прави синоним за врвни деловни резултати.

Благодарение на стручноста на нашите вработени,блиската соработка со клиентите и користењето на најновите технолошки достигнувања, со години имплементираме решенија што ја трансформираат работата и прават разлика.

Добродојдовте во Сага МК!

Добрите тимови стануваат уште подобри кога ќе се здружат.

Со цел да биде дел од еден таков тим Сага МК заедно со матичната компанија Сага Белград во 2009 година стана дел од New Frontier Group,лидер во дигиталната трансформација во Централна и Источна Европа Од 2006 година кога е основана во Виена, New Frontier Group до денес го прошири своето работење на преку 15 земји со подружници во Централна и Источна Европа, Русија, Турција, Блискиот Исток, САД, Канада и Австралија.

Според листата на Гартнер(Gartner,Inc.), заслугата за еден од 10 најуспешни систем интегратори во Централна и Источна Европа е високо специјализираниот IT персонал, кој им помага на клиентите да ги искористат сите можности што ги нуди дигиталната економија.

Во согласност со нашето мото „Обликување на иднината, постигнување резултати“ успешно имплементираме иновативни решенија што го редефинираат работењето на голем број клиенти ширум регионот, но и надвор од границите на Европа.