Развој на софтверски решенија

Сложеноста на активностите што се извршуваат во институциите во јавниот сектор бара поддршка во вид на сложени софтверски решенија кои се приспособени кон нивните специфични потреби. Системите што се способни да одговорат и на најсложените барања најчесто подразбираат проектирање и развој на посебно custom-made решение затоа што постојните или генеричките решенија не даваат соодветен одговор.

Нашите софтверски решенија се засновани врз најновите технолошки достигнувања и современи архитектури, а се реализираат во рамките на проектите што се водат по правилата на агилни методологии. Сè тоа гарантира дека тие ќе бидат завршени во согласност со барањата на корисниците, а дека самото решение ќе обезбеди сигурно извршување на сите задачи со неопходното ниво на безбедност на апликацијата.

Нашиот тим на експерти развива основни и најкомплексни решенија, со цел подобрување на квалитетот на работата и услугите што институциите во јавниот сектор им ги даваат на стопанството и на граѓаните.

МЕТОДОЛОГИЈА И АРХИТЕКТУРА
НА НАШИТЕ СОФТВЕРСКИ РЕШЕНИЈА

  • SecurityTray

    Овој производ е приспособен за работа со сите постојни квалификувани електронски сертификати на пазарот на Република Македонија. Тој овозможува безбедна автентикација на корисникот со електронски сертификат, како и потпишување на електронски документи. Производот содржи и придружни сервиси за втиснување на временски жиг и архивирање на електронски документи.

  • Додадена вредност

    Соработката со клиентот е еден од клучните фактори на успехот во имплементацијата на софтверското решение. Поради тоа Сага активно ги вклучува своите клиенти во процесот на работа од самиот почеток, за да се обезбеди решение што ќе ги исполни нивните барања и ќе одговори на потребите на работењето.

    Агилната методологија што ја користиме овозможува постојано учество на клиентот низ заедничко осмислување на софтверското решение според неговите потреби.

    На овој начин тие имаат постојан увид во степенот на реализацијата, како и во механизмите со кои ќе обезбедат брза повратна информација. На тој начин се обезбедува крајниот резултат во целост да одговара на корисничките барања.

  • Архитектура

    Решенија што се модуларни, скалабилни и високо достапни му даваат флексибилност на работењето што е потребна во современите услови за да остане конкурентен бизнисот.

    Во рамките на решенијата во доменот на архитектурата што ги креираат нашите експерти, посебно внимание се посветува на архитектура водена од моделот, сервисно ориентирана архитектура и архитектура заснована на микросервиси. Благодарејќи на експертизата што ја поседуваат нашите вработени, за секој клиент е можно да се креира оптимално решение за градбените блокови на системот од гледна точка на безбедноста, достапноста, перформансите или скалабилноста.

    Долгогодишното искуство во креирањето и имплементацијата на софтвери за различни намени,како и комплексноста и решителноста на Сага да ги вгради современите трендови во развојот на архитектурата на системите во секој производ, се гарација за исполнување на сите нефункционални барања.

  • Безбедност

    Заштита на податоците во време кога секојдневно се споделуваат, праќаат и чуваат голем број на информации не е само потреба на работењето, туку често пати претставува и обврска регулирана со закон.

    Софтверските решенија, освен што треба да одговорат на барањата на работењето на секој клиент, мора да бидат усогласени и со нормите што се пропишани со регулативата. Безбедносните барања, како оние пропишани со закон, така и оние што се специфични за секоја компанија, секогаш се во фокусот на реализацијата на секое од нашите решенија што се интегрирани со компонентите кои користат квалификувани електронски сертификати, двостепена авторизација, криптирање на податоците и други механизми што овозможуваат највисок степен на заштита на вашите податоци.

  • Методологија

    Агилната методологија што ја користиме во организацијата и во водењето на проектите ги сведува на најмала можна мера ризиците на процесот на развојот на софтвер. Благодарејќи на оваа методологија, секој проект се води како посебна приказна кон која се приспособува пристапот во зависност од сложеноста на проектот, времето на располагање и достапните ресурси. Развојот се одвива низ низа последователни повторувања во кои барањата на клиентот се трансформираат во компоненти на финалното софтверско решение. По почетната формализација на корисничките барања, процесот на развој минува низ низа јасно дефинирани фази во кои активна улога имаат и клиентите, со што е обезбедено високо ниво на квалитет на конечното решение.

ИНДУСТРИИ

РЕФЕРЕНЦИ

ВЕНДОРИ