ERP

Планирање на деловни ресурси (Enterprise Resource Planning – ERP) ги интегрира податоците и процесите во единствен систем и затоа е битна претпоставката за успешно работење на секоја современа компанија што тежнее да биде конкурентна. Користењето на интегрираниот систем ERP обезбедува „само една верзија на факт“. Сите вработени како и сите носители на одлуки што го користат системот ERP, во секој момент (во реално време) може да ја видат истата, реална слика на работењето и на тој начин се избегнува одлуките да бидат засновани врз спротивставени информации. Нашите решенија и услуги во оваа област ги опфаќаат најдобрите Microsoft Dynamics решенија што ги покриваат основните деловни активности, како што се финансии и книговодство, производство, продажба, набавка, сервис, кадровска евиденција и пресметка на плати.
Предноста на Microsoft Dynamics решението е тоа што постои цврста интеграција со други Microsoft производи (на пример, финансиските извештаи многу едноставно се пренесуваат од Microsoft Dynamics во MS Excel, каде што податоците може дополнително да ги обработите и приспособите).
Решенијата ERP на најадекватен начин ги покажуваат своите предности кога се применети во средни и во средно големи претпријатија, како и во големи корпорации.

ПЛАНИРАЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ РЕСУРСИ (ERP)

Dinamics 365 Business Central

Dynamics 365 Business Central е сеопфатно ERP решение за управување со работењето, кое Ви помага да ги поврзете своите финансии, продажба, услуги и операции за да ги унапредите деловните процеси, да ја подобрите интеграцијата со купувачите и да носите подобри одлуки. Интегриран е со сите општоприфатени алатки Microsoft Office, како што се Outlook, Word и Excel, без оглед дали е во прашање iOS, Android или Windows платформа.

Повеќе детали за производите можете да најдете на web страната на компанјата NPS која е членка на групацијата Сага и е овластен партнер на Microsoft за продажба и имплементација на Dynamics 365 Business Central.

ERP решенијата се креирани со идеја да ги задоволат деловните потреби кои се заедничка карактеристика на секоја компанија, без оглед на нејзината дејност, големина или локација. Сепак, има индустрии на кои поради специфичноста на работењето им е потребно приспособено ERP решение, кое може да одговори и на посебните барања. За потребите на таквите клиенти Сага имплементира посебни ERP решенија.

NAV4Constructione комплексна надградба на стандардното ERP решение на Microsoft Dynamics NAV, со кое создава целина, а наменета е за претпријатија од градежната индустрија и на индустрии сродни на неа.

Решението на Сага за градежната индустрија е развиено во согласност со сите стандарди во NAV и го покрива целосното работење на компаниите: од набавка, производство, изведување работи на градилиштата до книговодствена евиденција на сите измени. Решенијата што сме ги креирале, како и секој натамошен развој и надградба се резултат на соработката со стручњаци во оваа област, така што секој клиент може да смета на софтверска поддршка што ќе соодветствува на неговите потреби.

LS Retail e решение што е целосно интегрирано во Microsoft Dynamics (AX & NAV) наменето за клиенти што се занимаваат со малопродажба.
Ова решение им дава на компаниите можност да:
• го поедностават своето работење со интегрирано решение кое ја покрива целата малопродажна дејност;
• проверат како функционира работењето во реално време;
• носат подобри финансиски одлуки врз основа на прецизни, ажурирани информации;
• ги комбинираат online и offline искуството на купување и да усовршат омни-канал малопродажба и да
• ги зголемат приходите и да ги намалат оперативните трошоци со елиминирање на недоследности предизвикани од несигурни финансиски податоци.

РЕФЕРЕНЦИ

Повеќе детали за понудата може да најдете на веб-страницата компанијата NPS, членка на групацијата Сага, која е овластен партнер на Microsoft за продажба и имплементација на Dynamics 365 Business Central.

ВЕНДОРИ