Консалтинг за дигитална трансформација
Проценка на деловниот модел
Проценка на дигиталните можности
Инфраструктура, Податоци, Апликации, Front End
Иновација на деловниот модел
Анализа на податоци
Анализа на процес
Допирни точки
Обработка на податоци и анализа
Вредност на информациите
Корисничко искуство
Дигитална трансформација
Дефинирање на архитектурата на IS
Омни-канал
Автоматизација
Интеграција на нови решенија со веќе постоечките
Производ
Нов дигитален РМ за дигитална економија
Дигитални производи и услуги
Нова додадена вредност за клиентите
Постојано мерење и приспособување
Дигиталната трансформација на работењето е деловен процес што се одвива во фази. Секоја од нив има за цел конечниот резултат да одговори на потребите на конкретната компанија и на нејзиниот модел на работење.
• Дефинирање на стратегија – Консултантски услуги во областа на дигиталната трансформација
Сè почнува со консултации. Прв и најважен чекор на патувањето наречено дигитална трансформација подразбира ангажирање на наш тим кој дава консултантски услуги. Во оваа почетна фаза се анализираат моменталните деловни модели, како и можноста за дигитални услуги низ сеопфатна проценка на работењето (анализа на податоци, анализа на процеси, точки на допир меѓу клиентите и компанијата, процес на обработка на податоците, вредност на информациите и нивна структура, корисничко искуство). Потоа се планира и се спроведува работилница во текот на која CxO нивото на менаџментот се запознава со деловниот модел на дигитална трансформација. Исходот од оваа фаза е усогласен предлог на деловен модел на дигитална трансформација и план на извршување.
• План на извршување – Иновација на дигиталниот деловен модел
Цел на оваа фаза е да се покријат сите нови аспекти и влијанија на договорениот деловен модел со новите дигитални услуги. За таа цел се изработува комплетно нова проценка на новиот деловен модел, се дефинира новата архитектура на информацискиот систем, се анализираат сите канали на комуникација (омни/опти канали), автоматизација на процесот и интеграција. Исходот од оваа фаза е договорен план на активности за дигитална трансформација.
• Имплементација и реализација на дигиталната трансформација – Приспособување на информацискиот систем
Завршната фаза е најсериозниот чекор во кој е многу важно да се одредат вистинскиот опсег и димензии, како и да се усогласи новиот информациски систем со сите клучни хардверски столбови, со старите/новите основни дигитални услуги и апликации со аналитика во реално време, како и со сите аспекти на сајбер-безбедноста за целиот IT систем. Со оглед дека главна причина за неуспех на проектите се луѓето и нивната подготвеност да прифаќаат промени и нов деловен модел, во оваа фаза се врши и едукација што е клучна за успех на проектот за дигитална трансформација.
Иако оваа завршна фаза служи дигиталната трансформација да се доведе до својата цел, таа сепак е „приказна што никогаш не завршува“. Таа бара организирање на континуирани циклуси на анализирање и подобрување на деловниот модел низ прифаќање на новите дигитални услуги и пристап што е фокусиран на клиентот.
ОСНОВА НА НАШАТА DT ПИРАМИДА:
• Персонализирана анализа на податоци и BI – Менаџмент на информации
• Заштита на дигиталната економија со сајбер-безбедноста – Cybersecurity
• Нови дигитални услуги – OwnIP, Custome sw, CC&CRM, IM
• Основна бизнис апликација и консултантски услуги – OwnIP, Custome sw, IM
• ICT Инфраструктура – Мрежа, Cybersecurity, DataCenter, Midlware, Public Cloud
Наши консултантски услуги
• Digital Transformation Workshop• Digital Readiness Assessment
• Infrastructure Assessment
• Data Assessment
• Process Assessment
• Applications Assessment
• Security Assessment
• Digital Initiatives Assessment
• Digital Consulting
• Digital Transformation Consulting
• Digital Transformation Execution
• …
Наши дигитални производи, решенија и услуги
• Private Cloud consolidation• Hybrid Cloud and integration solutions
• Robotization and Automation
• Chat Bots
• CRM / Operational CRM
• AI / IOT
• Call Center
• Debt Collection
• Personalization
• Authorization and Identification
• SOC, Security services
• NOC, Network services
• Proximity Marketing
• Digital Banking
• Ecosystem Platform
• Employee Engagement
• BES
• …