ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

1. Вовед

Оваа Политика на приватност за личните податоци го уредува начинот на кој Сага МК Дооел Скопје може да ги собира, користи, одржува и открива Вашите лични податоци.

Компанијата може да ги собира и обработува Вашите лични податоци при интеракција со Вас поради вработување/пракса, при посета на нашата веб страница или за др.цели. Обработката на Вашите лични податоци, Сага ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

2. Контакт

Адреса: ул. Васил Главинов 14/2, 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон: +389 2 32 22 554

Е-пошта: info@saga.mk

3. Собирање на податоци

Вашите лични податоци може да ги собереме и обработиме само доколку Вие доброволно ги дадете, кога имаме пристап до нив од јавни извори или по основ на препорака. Истите ќе бидат користени во согласност со Политиката на приватност и за намената за која што сте ги оставиле.

4. Цели, обработка и употреба на податоците

Целите за кои ги собираме и обработуваме податоците се следни:

  • Исполнување на договорните обврски кон Вас. Овие лични податоци може да вклучуваат: име и презиме, адреса на живеење, е-пошта, број на телефон, занимање, работно место, компанија, вид на соработка со нас;
  • Во однос на регрутација и селекција на нови вработени, било за одредено работно место или за потенцијална идна позиција, овие податоци може да вклучуваат: име и презиме, адреса на живеење, е-пошта, број на телефон, датум на раѓање, информации за вашето образование и искуство, CV, резултати од тестови во процесот на селекција, фотографија (доколку доброволно ја дадете) и др.релевантни информации;
  • 5.Заштита и безбедност на податоците

Информациите кои ги обработуваме, грижливо се зачувани и не ги даваме на трети лица или компании. Ова ги исклучува нашите партнери кои ни помагаат во водењето на страницата и нашиот бизнис. По барање на државните органи и во согласност со законот, можеме да предадеме еден дел или сите собрани информации. Применетата политика за приватност објавена на оваа веб-страница кореспондира со европските закони, GDPR (General Data Protection Regulation) (што се однесува на Регулативата за заштита на општите податоци 2016/679 од 27 април 2016 година) и се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.07/05, 103/08 и 124/10). Во електронска форма, пречистениот текст на Законот може да се симне од веб-страницата на Дирекцијата за заштита на лични податоци на Република Македонија (www.dzlp.mk).

6. Време на чување и бришење на податоците

Вашите лични податоци ќе бидат чувани не подолго отколку што е потребно за да се исполнат целите поради кои се собрани податоците, по што истите ќе бидат избришани од нашиот систем. Во текот на овој период Вие ги задржувате сите Ваши индивидуални права, како права за пристап, исправка, бришење, ограничување на обработка, пренос и приговор.

Независно од тоа кое право сакате да го искористите, писменото барање може да го доставите на два начина:

  • Писмено барање преку пошта или лично во седиштето на Сага (ул. Васил Главинов 14/2, 1000 Скопје), и
  • Барање преку електронска пошта на: info@saga.mk

7. Промени во Политиката за приватност

Го задржуваме правото на промени на Политиката за приватност. Доколку извршиме одредени промени на Политика за заштита на приватноста, истите ќе ги објавиме на оваа веб- страница.