ПЛАНИРАЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ РЕСУРСИ (ERP)
Dinamics 365 Business Central
Повеќе детали за производите можете да најдете на web страната на компанјата NPS која е членка на групацијата Сага и е овластен партнер на Microsoft за продажба и имплементација на Dynamics 365 Business Central.
ERP решенијата се креирани со идеја да ги задоволат деловните потреби кои се заедничка карактеристика на секоја компанија, без оглед на нејзината дејност, големина или локација. Сепак, има индустрии на кои поради специфичноста на работењето им е потребно приспособено ERP решение, кое може да одговори и на посебните барања. За потребите на таквите клиенти Сага имплементира посебни ERP решенија.
NAV4Construction e комплексна надградба на стандардното ERP решение на Microsoft Dynamics NAV, со кое создава целина, а наменета е за претпријатија од градежната индустрија и на индустрии сродни на неа.
Решението на Сага за градежната индустрија е развиено во согласност со сите стандарди во NAV и го покрива целосното работење на компаниите: од набавка, производство, изведување работи на градилиштата до книговодствена евиденција на сите измени. Решенијата што сме ги креирале, како и секој натамошен развој и надградба се резултат на соработката со стручњаци во оваа област, така што секој клиент може да смета на софтверска поддршка што ќе соодветствува на неговите потреби.
LS Retail e решение што е целосно интегрирано во Microsoft Dynamics (AX & NAV) наменето за клиенти што се занимаваат со малопродажба.
Ова решение им дава на компаниите можност да:
• го поедностават своето работење со интегрирано решение кое ја покрива целата малопродажна дејност;
• проверат како функционира работењето во реално време;
• носат подобри финансиски одлуки врз основа на прецизни, ажурирани информации;
• ги комбинираат online и offline искуството на купување и да усовршат омни-канал малопродажба и да
• ги зголемат приходите и да ги намалат оперативните трошоци со елиминирање на недоследности предизвикани од несигурни финансиски податоци.
РЕФЕРЕНЦИ
Повеќе детали за понудата може да најдете на веб-страницата компанијата NPS, членка на групацијата Сага, која е овластен партнер на Microsoft за продажба и имплементација на Dynamics 365 Business Central.
ВЕНДОРИ