ЗА НАС

Предизвиците се составен дел од работата на секоја компанија без оглед на индустријата во која се наоѓа.За успешно да се соочиме со нив, потребен е тим составен од искусни и потврдени професионалци кои во секое време ќе имаат квалитетни и правовремени одговори.

Ние сме еден таков тим.

Знаењата и искуствата што од основањето во 2009 година заедно ги стекнувавме и несебично ги делевме едни со други, ја доведоа Сага MK на позицијата лидер во доменот на дигиталната трансформација. Благодарение на партнерството со повеќе од 70 реномирани имиња од ICT индустријата, растевме и се развивавме, така што денес сме незаобиколна станица на патот кон унапредување на работењето за голем број клиенти.

Нашиот фокус на развој и имплементација на иновативни решенија е она што нас нè истакнува и нè прави синоним за врвни деловни резултати.

Благодарение на стручноста на нашите вработени,блиската соработка со клиентите и користењето на најновите технолошки достигнувања, со години имплементираме решенија што ја трансформираат работата и прават разлика.

Добродојдовте во Сага МК!

Добрите тимови стануваат уште подобри кога се здружени.

Имајќи ја на ум токму оваа мисла, во февруари 2023 година Сага стана дел од компанијата Noventiq, која е водечки испорачател на решенија и услуги за дигитална трансформација и сајбер-безбедност за пазарите во развој. Со седиште во Лондон, Noventiq моментално има над 75.000 клиенти и 5.700 вработени во речиси 60 земји во светот. Од октомври 2021 година, Noventiq работи и на Лондонската берза.

Во согласност со нашето мото " IT’s not about technology, IT’s about people ", продолжуваме да го вреднуваме знаењето и експертизата и ги поддржуваме нашите вработени во стекнување на истото. Стекнатите искуства ги имплементираме во иновативни решенија кои го редефинираа работењето на голем број клиенти во нашиот регион, а сега здружени со Noventiq, се надеваме и низ целиот свет.